Соопштение за јавност
Генералниот секретар Љупчо Николовски во синоќешното гостување во емисијата „360 Степени“ на телевизија Алсат истакна дека процесот на промени, на реевиденција на членството на СДСМ како и организацијата на првите внатрепартиски избори за претседател, се со цел партијата уште попосветено да им служи на граѓаните и државата.
„Овој процес е и дел од мерит системот на партијата, преку кој ќе го мериме пулсот на членството кон нашите функционери, министри, директори, градоначалници, пратеници, за тоа дали им служат на граѓаните, дали се редовно меѓу нив, дали се арогантни или не, на крајот, дали прават добри дела. Сето ова е дел од еден поширок систем кој го заокружуваме со оваа постапка за ажурирање и непосредните избори за претседател на партијата“ порача Николовски.
Генералниот секретар Николовски истакна дека СДСМ е партија која се залага и работи да има еднакви шанси за сите, дека тоа е препознаено од јавноста и токму затоа довербата во СДСМ секојдневно расте.