fbpx

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Согласно Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на третседател на СДСМ Централна изборна комисија, на 26 февруари одржа седница на која беа потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ.

Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за Претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев.

Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80.000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ. Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.

Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество.

Токму затоа СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, токму затоа победува но и постојано се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и државата.

Последни вести