Соопштение за јавност
Семејството на социјалдемократи во државата бори 81.000 реажурирани членови, a над 65.000 активно се регистрирани за гласање, што говори за најразнолника политичка структура и партија во државата, составена од Македонци, Албанци, Турци, Власи Роми, Бошњаци, Срби и сите други, истакна генералниот секретар Љупчо Николовски во гостувањето на Телевизија Телма, додавајќи дека СДСМ е единствена партија која има своја организација во секоја од 80те општини во државата.
Тој додаде дека на 21 март ќе се одржат првите внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, како врв на демократијата во една партија, а потоа ќе следува и избор на новото партиско раководство.
„На 21 март се непосредните внатрепартиски избори, тоа е врвот на демократијата, кој за прв пат се применува во СДСМ, тоа е непосредниот избор на претседателот од страна на членството, по што ќе следуваат постапките за избор на Централен одбор, Надзорен и Ивршен одбор, потпретседатели и генерален секретар на партијата“ посочи Николовски.
Генералниот секретар Николовски порача дека промените што ги прави СДСМ се одлика на највисоки демократски вредности и ги повика и останатите партии да се реформираат и демократизираат.
„СДСМ постојано победува, се менува, задоволен сум од сето она што овој период го направивме. Овие промени, што ги направивме во Статутот не се само за сега, туку за секогаш и отсликуваат највисоки демократски вредности, кои што ги негува една политичка партија, а кој друг, ако не СДСМ. Ќе понудиме нов квалитет нови капацитети, луѓе со огромен потенцијал, кои што ќе се вградат во органите и во телата на партијата на Конгресот, што ќе биде во мај, по последниот дигитален конгрес и ќе ја почнеме постапката избор на кандидати за советници и градоначалници за претстојните локални избори. Новата политика најавена од претседателот Зоран Заев и оваа политичка пролетна акција ќе донесе многу нови промени и модернизирање на политичкиот спектар во нашата земја, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.