Соопштение за јавност
Докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успева да ги одбрани криминалците во редовите на својата партија.
Мицкоски кој е единствен на браникот на криминалот, нижи порази и од граѓаните и од правдата.
Последниот негов пораз е неуспехот прво да го одбрани криминалот а потоа и да се дистанцира од Сашо Мијалков, човекот кој заедно со Груевски го постави Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Извршената правда врз Мијалков е директен пораз за остатоците на режимот, за Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на криминалот и кои работат против правдата и владеење на правото.
Затоа нервозата кај Мицкоски и во белиот дворец расте, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува во опозиција.