fbpx

ВМРО-ДПМНЕ се радува на заболени пратеници од ковид 19, а глуми загриженост за јавното здравје, пописот ќе се спроведе согласно сите мерки за заштита на здравјето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Катастрофално и ужасно е ВМРО-ДПМНЕ наутро да се радува што има заболени пратеници од коронавирусот, а попладне да глуми загриженост за јавното здравје.

Речиси цели 19 години државата нема спроведено попис како најважна политичка операција и тоа токму поради ВМРО-ДПМНЕ која потроши народни пари и го прекина пописот во 2011 заради партиски калкулации.

Пописот ќе се одржи оваа пролет, државата конечно ќе добие целосни, прецизни и релевантни податоци за натамошен развој.

Државата, институциите покажаа капацитет во организирање на изборни процеси кои се целосно безбедни по здравјето, така ќе биде и со пописот. Веќе се донесени протоколите, здравјето и на попишувачите и на граѓаните ќе биде целосно заштитено додека трае оваа најважна статистичка операција.

Последни вести