fbpx

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокадите, СДСМ и парламентарното мнозинство и без нив ќе најдат начин да ги реализираат законите што се во интерес на државата и граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со месеци упорно блокира закони кои се клучни за подигање на квалитетот на животот на граѓаните и иднината на државата.

Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани го кочат законското решение со кое државата по цели 80 години ќе добие нов Клинички центар.

Го блокираат и законското решение со кое ќе се обезбедат средства за реализација на еколошки јавен превоз во Град Скопје.

Закочен е и Законот за легализација на бесправно изградени објекти и на тој начин им оневозможуваат на граѓаните, особено на оние посиромашните да ги легализираат своите објекти.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се спротивставуваат и на Законот за енергетска ефикасност со што покажуваат дека не сакаат училишта, градинки, здравствени домови и други јавни установи да добијат нови прозорци, енергетски ефикасни фасади и еколошки системи за греење.

Ова е доказ дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не работи во интерес на граѓаните, туку слепо ги следи наредбите од неодговорниот и докажан губитник Христијан Мицкоски.

Граѓаните го гледаат ваквиот антинароден и некрофилски однос на ВМРО-ДПМНЕ и затоа го казнуваат на избори.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги напуштат деструктивните политики кои се базираат на лажни вести и блокади и да се фокусираат на интересите на граѓаните, наместо на интересите на Мицкоски.

СДСМ и парламентарното мнозинство и без нив ќе изнајдат начин да ги реализираат економските мерки и политики кои се во интерес на државата и на граѓаните.

Последни вести