fbpx

ВМРО-ДПМНЕ работи на штета на граѓаните, и покрај блокадите СДСМ ќе најде начин за реализација на сите важни закони

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да работат на штета на граѓаните и на државата. Наместо конструктивност, дебата и идеи, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со блокади, деструкции и злоупотреба на собраниската говорница за ширење лажни вести.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокираат важни законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Тие се против нов Клинички центар, против нов еколошки јавен превоз во Скопје, против зголемена енергетска ефикасност на јавни објекти, болници, училишта и градинки, против поддршка за земјоделците.

Како власт ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за парите да се трошат на барок, на палми, споменици и стиропор, денес оваа партија како опозиција се противи да им се помогне на илјадници работници во погодените сектори да земат плата.

Таквото однесување на една политичка партија не е чесно, не е одговорно и е на штета на граѓаните и државата.

Затоа им следува нов пораз веќе на локалните избори, тоа најверојатно го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ и затоа уште сега бараат алиби за новиот пораз кој ќе им го испорачаат граѓаните.

Време е пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и да почнат да работат за граѓаните.

Парламентарното мнозинство и без нив ќе најде начин сите предвидени мерки и политики во интерес на граѓаните да бидат реализирани.

Последни вести