fbpx

Наместо да бара правда за злоупотреба на пари на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски останува на браникот на криминалот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На Христијан Мицкоски му е важно само да ги одбрани криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нему не му се важни ни граѓаните, ни правдата па дури ни членовите на неговата партија.

Наместо Мицкоски прв да повика на брза разрешница на предметот „Плацовите на Водно“, во кој тајкунот на режимот Орце Камчев, заедно со Никола Груевски и Сашо Мијалков се товари за наводна злоупотреба на 1,3 милиони евра пари од донации за ВМРО-ДПМНЕ, тој на Камчев му го додели првиот човек на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиновски како бранител.

На губитникот Христијан Мицкоски, поважен му е Орце Камчев, отколку парите од партиската каса, парите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои Груевски ги искористил за купување на плацови од десетици илјади квадратни метри на Водно.

Очигледно се големи хипотеките на Мицкоски кон Камчев, па затоа прави се за да му помогне.

Но неуспешно. Мицкоски е осамен на браникот на криминалот.

Затоа изгубен во своите фрустрации опструира и блокира се што е во интерес на граѓаните и државата.

Затоа е во опозиција, шест пати по ред поразен од граѓаните.

Последни вести