Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ
Прашање: Став за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека законите од економските мерки се ставени на дневен ред намерно после еден месец од кога се доставени од Влада бидејќи државата немала пари за реализација. Како е одредено кога да бидат на дневен ред и дали владејачкото мнозинство влијаело на Џафери да бидат ставени подоцна?
Одговор: Апсолутно тоа не е точно. ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период и сите граѓани го увидоа тоа дека е најголемиот кочничар во Собранието за донесување на важни закони што се во интерес на сите граѓани на нашата држава. Очигледно при притисокот што го направија граѓаните затоа што се важни законите да се донесат, пред се законите којшто се во делот на дополнување и измена за да може да се реализира и имплементира петтиот сет на мерки.
Верувам дека ќе присуствуваат но со тоа покажуваат и дека има сериозен притисок и од граѓаните затоа што на крајот од денот тие се закони коишто се во интерес на граѓаните.
Во месец февруари на 32. седница на Парламентот една од точките беше и Законот за личниот приход на граѓаните којшто е дополнително дел од петтиот сет на мерки што покажува и јасно потенцира дека како што доаѓаат законите во Собранието деловнички, претседателот на Собранието ги става во процедура се со цел што е можно побрзо да се донесат.
ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период,верувам дека тоа ќе се промени, покажа дека е најголем кочничар и ги опструира сите законски решенија којшто се во интерес на граѓаните