Соопштение за јавност
И Светската здравствена организација ги препознава и поздравува напорите и посветеноста на Северна Македонија за обезбедување вакцини и во борбата против коронавирусот.
Нашата држава освен што ги нарача вакцините преку КОВАКС механизмот, исто така ги заврши и сите финансиски и административни процедури и обезбеди соодветна обука и опрема за здравствениот систем.
Според високи претставници на СЗО, Владата на Република Северна Македонија стори се што требаше, не само за набавка на вакцините, туку и да се подготви целиот здравствен систем за спроведување на процесот на вакцинација.
Првите вакцини веќе се пристигнати, вакцинацијата на здравствените работници е во тек, во наредните недели се очекуваат поголеми количини вакцини.
Во услови кога целиот свет се соочува со недостиг од вакцини и се бори со невидливиот и непредвидливиот непријател само ВМРО-ДПМНЕ со невистини и лажни вести се обидува да деградира здравствениот систем, со измислени конструкции сака да го поткопа процесот за набавка на вакцини.
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата делува неодговорно и деструктивно, прави опструкции и блокади, со сите сили работи против здравствениот систем и јавното здравје.
Затоа е таму каде што е – во опозиција.