fbpx

Финансиски скандали ја тресат ВМРО-ДПМНЕ, а Мицкоски не одговора која е неговата улога во финансискиот скандал поврзан со германскиот пратеник Цех

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски никако да се одлепи од скандали.

Угледните германски медиуми “Шпигел” и “Фокус”, објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“.

Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои според германските медиуми, Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.

По оставката на пратеникот Цех од Германија, Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари, на кој начин биле исплатени и дали тоа е вистинската причина зошто финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?

Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија.

Мицкоски залудно се обидува да го отргне вниманието од скандалите кои ја тресат белата палата.

Неговите хипотеки кон режимските тајкуни и кон сите кои го поставија на лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ се големи, а тоа граѓаните го гледаат и токму затоа шест пати го казнуваат.

Последни вести