Соопштение за јавност
Убаво ќе беше денеска Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ на протестот пред Министерството за здравство да прочитаат што во нивно владеење беше направено за здравјето на жените!? Ама тогаш протетстот ќе требаше да им трае секунда, оти толку е потребно за да се каже – Ништо!
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ требаше да протестира кога перинаталната смртност во нивно владеење беше над 25%. Во време на Венко Филипче, перинаталната смртност драстично се намали и во 2020 година смртноста на предвреме родени бебиња е на 10%. Со обуки и протоколи се воведе стандардизиран пристап во сите родилишта, обучен кадар, медикаменти и опрема. Унијата на жени на
ВМРО ДПМНЕ требаше да ги брани правата на жените кога во нивно време и го одзема а правото на жената да одлучува за прекин на бременоста. Владата предводена од СДСМ и министерот Филипче донесоа Закон во кој волјата на жената се стави на прво место. Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ требаше да протетсираат кога во време на владеење на нивната партија жените со рак на дојка немаа терапија! Унијата за жени на ВМРО ДПМНЕ кога говори за жената треба да знае дека: Во време на Владата на СДСМ и министерот Филипче за прв пат сите жени со рак на дојка добија терапија.
Иновативна биолошка терапија што претставува значаен чекор и најсилен удар во борбата против ракот и вклучително ракот на дојка. Со центарлизирана набавка Филипче обезбеди над 30 молекули скапа билошка терапија која е на позитивната листа за да им биде достапна на сите пациенти во болниците. Филипче и оваа влада обезбедија бесплатни ортошпетски градници и психолошка поддрша за пациентките. Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ќе може ли да ги погледне жените жртви на сексуалн насилство и да им одговир како ги заштитуваше и каква поддршка им даде додека нивната партија беше на власт. Не, не можат оти не направија ништо! Владата на СДСМ и министерот Филипче, отворија 3 центри за упатување на жртвите од секусално насилство!
Прашуваме дали Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ бара оставка од Филипче, затоа што во негов мандат се обезбедја бесплатни прегледи и лабараториски прегледи во тек на бременост на жени кои се надвор од здолжителното здравствено осигурување. Затоа што обезбеди бесплатна фолна кислеина за секоја бремена жена. Заштитувајќи го женското здравје во мандатот на Филипче, едно контрацептивно средство се стави на позитивната листа на лекови.
Долг е списокот за тоа што направи оваа Влада и министерот Филипче , важно е дека тоа го знаат пациентките!