fbpx

Мицкоски, избори имаше пред неколку месеци и на нив загуби, а од изборите во Штип побегна, откажи се од блокадите во Собрание кои се на штета на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Докажаниот губитник Христијан Мицкоски, единствениот на браникот на криминалот продолжува со неодговорно, деструктивно однесување на штета на граѓаните, на државата и демократските процеси.

Расипана плоча се неговите тврдења дека ќе организира протести, дека ќе бара експертска влада и предвремени парламентарни избори, за да ја зачува фотелјата во белиот дворец Мицкоски се служи со стари, истрошени и веќе прочитани блефирања.

Мицкоски, избори имаше пред неколку месеци и на нив загуби, а од изборите во Штип побегна, подготви се за нов пораз на локалните избори.

Очигледно дека Мицкоски не научил ништо од досегашните негови порази. Наместо да блефира, наместо да најавува нови блокади, треба да се откаже од блокадите во Собранието што ги прават неговите пратеници а кои се се на штета на граѓаните и на државата.

Се додека Мицкоски е на страната на криминалот, наместо на страната на граѓаните, тој ќе биде поразуван и уште долго ќе биде во опозиција.

Последни вести