Соопштение за јавност
Опозицијата во Собранието ги блокира сите процеси важни за граѓаните и иднината на државата, воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните, ниту за реализацијата на економските мерки за помош на погодените од коронакризата, кочи и десетици закони важни за развој и напредок на државата и институциите.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет, со што им задаваат дополнителни грижи на илјадници граѓани и компаниите кои ја чекаат помошта од државата за справување со последиците од кризата.
Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата кочи и блокира и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите, како што се Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје.
Во услови кога државата, целото општество се уште се соочуваат со коронавирусот, опозицијата се противи на продолжување на кризната состојба, која се прогласува уште од 2015 со мигрантската криза и досега никогаш не била оспорена или проблематизирана. Со кризна состојба, меѓу другото, дадени се овластувања Армијата да учествува заедно со граничната полиција во обезбедување на границите, особено границите на кои има редовни појави на нелегален транзит на мигранти.
Срамно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој пратеник да дојде во Собранието, да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата.
Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работат работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа.
Ваквиот неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа тие повторно ќе бидат казнети.
СДСМ како парламентарно мнозинство ќе искористи сите деловнички и законски можности, сите законски решенија во интерес на граѓаните законите да бидат донесени, реформите во интерес на државата да продолжат.