fbpx

Опозицијата во Собранието работи против интересите на граѓаните и државата, затоа повторно ќе биде казнета

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Опозицијата во Собранието продолжува свесно и намерно да кочи и да блокира закони на штета на граѓаните и на државата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса отворено покажуваат дека не им е грижа што илјадници граѓани не можат да добијат државна помош како резултат на нивните деструктивни блокади. Некои пратеници бесрамно и безобразно им порачуваат на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата.

Опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и блокира Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар.

Го кочат и Законот со кој треба да се обезбедат средства за реализација на бас рапид транзит, односно за воведување на нов, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз во Скопје.

На опозициските пратеници не им е важен развојот на Скопје, ниту заштитата на животната средина, ниту пак јавниот сообраќај во главниот град.

Не постојат логични објаснувања зошто опозициските пратеници се против корисни закони освен фактот дека не сакаат Собранието да функционира и со тоа директно работат на штета врз граѓаните и државата.

Ваквиот деструктивен однос на опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа повторно ќе ги казнат на изборите на есен.

Последни вести