fbpx

Пописот е врвен патриотски чин, податоците од него се важни за развојот на државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пописот како најобемна и најсложена статистичка операција е многу значаен за планирање на соодветен развој на државата.

Преку пописот, конечно, по речиси две децении, ќе добиеме точни информации и податоци каде и како правилно да се насочат финансиите и потребните ресурси.

Врз основа на овие податоци ќе се креираат идните мерки за одржлив развој на здравството, образованието, социјалната заштита, животната средина, бизнис секторот, спортот, но и во секој друг сегмент.

Со пописот добиваме точни информации, каде се потребни нови градинки и училишта, каде е потребен стручен кадар за помош за лица со попреченост, каде се потребни нови болници.

Со овие информации ќе се креираат ефикасни инвестициски политики, ќе се добијат точни информации за располагање со работна сила и други податоци клучни за развојните политики.

Подготвени се сите здравствени протоколи и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на граѓаните што се попишуваат, како и на попишувачите.

Граѓаните немаат причина за вознемиреност, процесот на попишување ќе биде целосно безбеден од здравствен аспект.

Секој што и мисли добро на државата и што сака таа да се развива и да оди напред, треба да даде максимален придонес и да учествува во пописот.

Последни вести