fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во светот која во пандемија е на страната на вирусот, а не на страната на граѓаните и јавното здравје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштеное за јавност

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски е веројатно единствената партија во светот која од почетокот на пандемијата па до денес е на страната на коронавирусот, против јавното здравје и здравствениот систем.

Нема ден а во јавноста да не се појави лажна вест, манипулација пласирана од Белиот дворец со намера да се поткопа здравствениот систем и да се внесе вознемиреност меѓу граѓаните.

Наводно загрижени за јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ бесрамно организираат масовни собор без почитување на здравствените протоколи и со грубо прекршување на мерките за заштита од коронавирусот.

Ваквиот деструктивен, безобразен однос на ВМРО-ДПМНЕ кој јавното здравје и кон здравствениот систем е одамна препознаен од граѓаните.

Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ постојано се казнувани и ќе бидат казнети одново, затоа што се водат исклучиво од лични и теснопартиски интереси, наместо од интересите на граѓаните и државата

Последни вести