Соопштение за јавност
Не станува збор за лесно откажување од пописот, имаме ситуација на пандемија и во разговори, во поглед на фактите, во поглед на стравот на граѓаните од пандемијата, а при тоа имаме желба да се направи успешен попис, кој ќе даде веродостојни резултати, така се одлучи на вчерашната средба во врска со пописот, истакна пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Јован Митрески во емисијата „200“ на телевизија Алсат.
Сега ни останува да гледаме напред, да имаме релевантен попис, кој ќе даде насоки за креирање на сите политики, во земјоделството, образованието, рамномерниот економски развој и слично, истакна Митрески.
Кога зборуваме за пописот, тоа не е операција за гледање на бројките низ етничка призма, какви и да бидат резултатите, нема никакви последици да има врз стекнатите права на одредена етничка заедница, рече Митрески.
Тој додаде дека пред лидерската средба премиерот имал и контакти со коалициските партнери, со лидерот на ДУИ, со лидерот на БЕСА и со некои други, на кои се информирале за очекувањата од средбата.
Зборуваме за пописот како за статистичка операција која ќе ни даде точни податоци, зборуваме за нешто што ни треба за наредните 10 години, а сме го немале во изминатите 20.“- изјави пратеникот на СДСМ, Јован Митревски, во емисијата „200“ на телевизија Алсат.