fbpx

Честитка на Ѓукановиќ до претседателот Заев: Вашиот избор за претседател е потврда за програмските и идеолошки цели што ги реализирате во континуитет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ упати честитка до претседателот Зоран Заев по повод неговиот избор за претседател на СДСМ.

Во честитката Ѓукановиќ честита и за успешно спроведените први внатрепартиски, непосредни избори кои според него се одраз за демократско созревање на партијата, но и на општеството, како и успешно совладување на современите трендови за модернизација што СДСМ ги следи.

„Вашиот реизбор за претседател на СДСМ е потврда за програмските и идеолошките цели што ги спроведувавте во претходниот период и на чело на партијата, но и во премиерскиот мандат. Довербата што ја добивте е недвосмислено признание за вашето лидерство, со својата посветеност, транспарентност и еднаква посветеност, да ја зајакнете кохезијата и единството на вашето членство и статусот на левичарското движење на политичката сцена во Северна Македонија.

Убеден сум дека социјалдемократите на чело со Вас, успешно ќе го продолжат патот на остварување на стратешките европски и евроатлантски цели, кои ни се заеднички. Тоа ќе го зацврсти традиционалното пријателство и соработката меѓу нашите сестрински партии и ќе отвори нови перспективи во јакнењето на односите меѓу нашите држави“, стои во честитката на претседателот на ДПС Црна Гора, до претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Последни вести