Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ со ништо не може да го сокрие фактот дека токму нивниот Христијан Мицкоски се обиде да саботира важна, сложена полициска акција „Двојник“ преку пласирање информации додека тече истрагата.
Ништо не може да го сокрие фактот дека Мицкоски е на страната на криминалот, на спротивната страна од полицијата, од правдата и законите.
Мицкоски уште еднаш потфрли во намерите да ги одбрани криминалците и затоа денеска голема е нервозата во белиот дворец, голема е нервозата кај неговите соработници.
Навремената и соодветна акција на МВР ги осуети намерите на Мицкоски за саботирање на акцијата, но сега независна и транспарентна истрага треба да даде договори заради какви мотиви и интереси Мицкоски што се обидел да ја саботира оваа акција на полицијата?
Зошто Мицкоски бранел криминалци и дали има ли некакви должничко доверителски односи со нив?
Ова е особено важно откако и самото Министерство за внатрешни работи јавно соопшти дека еден од приведените во оваа акција „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ токму со Мицкоски.
На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да им стане јасно дека заврши времето на недопирливи. Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи и се соочува со одговорност.