Соопштение за јавност
Изгубени во желбата да се наштети по секоја цена, ВМРО-ДПМНЕ фејк-њуз веќе немаат граница во нивните лаги, тенденциозни манипулации и конструкции.
Неможејќи да се соочат со фактот дека патот на правдата во државата и е чист, дека институциите борбата против корупцијата ја водат бескомпромисно, ВМРО ДПМНЕ ги засилува лагите и шири класични невистини и преку своите партиски мегафони.
Пробаа да наштетат на сложена полициска истрага и акција, но не успеаа.
Сега повторно пробуваат да конструираат невистина за голема полициска професионална акција во соработка со ДЕА во којашто е запленето големо количество марихуана и повторно нема да успеат.
ВМРО-ДПМНЕ фејк-њуз предводена од Мицкоски по којзнае кој пат фатена во лага. Ниту комбето кое го спомнуваат, ниту било кој од приведените во акцијата имаат каква било поврзаност со семејството на претседателот Зоран Заев.
Наместо да шират лаги и прават конструкции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат на јавноста зошто токму тие го бранат Орце Камчев, за какви дела бил осуден во Германија Антонио Милошоски, која е улогата на Александар Николовски во изборите во Азербејџан за што пратеници од други држави веќе се осудени на затворска казна.
ВМРО-ДПМНЕ не научи да биде конструктивна опозиција која работи во интерес на граѓаните и на државата, лажните вести и одбрана на криминалот се единственото што оваа партија го нуди, затоа е во опозиција и уште долго ќе остане таму.