fbpx

Кој што прави, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, тоа е партија на браникот на криминалот и затоа е казнувана од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Ако некој треба да се засрами тоа е ВМРО-ДПМНЕ која и покрај јавно објавени факти, без срам и перде продолжува да шири лажни вести, да конструира измислици кои немаат врска со реалноста.

Ниту комбето кое го спомнуваат, ниту било кој од приведените во акцијата со заплена на дрога, имаат каква било поврзаност со семејството на претседателот Зоран Заев.

Во белиот дворец не можат или не сакаат да сфатат дека денеска законите важат за сите подеднакво, дека нема веќе заштитени поединци кои се над правдата.

Кој што прави, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и брани криминал.

Токму оваа партија предводена од Христијан Мицкоски со години наназад е на браникот на криминалот. И кога го блокираше Законот за јавно обвинителство и кога застана на страна на Орце Камчев, но и сега кога Мицкоски се обиде да ја саботира полициската акција „Двојник“ и кога ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за друга полициска акција спроведена во соработка со ДЕА.

За разлика од времето на режимот, денес, институциите се посветени на силна, неселективна и бескомпромисна борба против секаков вид криминал и корупција.

Колку и да пласираат лажни вести и измислици, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да можат да ги одбранат криминалците и криминалот.

Последни вести