Соопштение за јавност
Се распаѓа подрумот за манипулации на ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа издиша уште рециклирана лага пласирана преку медиумите блиски до белиот дворец.
Ова утро Инфомакс, Курир и Нетпрес се будат фатени во лага за наводна навака на респиратори од Бразил.
Вистината е дека нту се исплатиле пари за посочената набавка која се споменува во објавите на медиумите блиски до опозицијата, ниту било што од напишаното во текстот е точно.
Министерството за здравство никогаш нема потпишано договор за набавка на респиратори од Бразил ниту воопшто има донесено одлука за таква набавка.
Владата предводена од СДСМ, Министерството за здравство, не кријат ништо. Тие кажуваат што сѐ правеле за да обезбедат респиратори.
Респиратори, а не барок и споменици, не жални врби и егзотични палми како што набавуваше ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа е разликата што граѓаните ја гледаат. Едно е работа за државата и граѓаните, друго е забеганост и криминал, одликата на ВМРО-ДПМНЕ.
А што се однесува до последните пласирани лаги, фирмите кои стојат зад овие портали треба да објават дали и колку пари редовно примаат од шемата за нелегално финансирање на медиуми со унгарски црни пари како што објавија словенечки медиуми.
ВМРО-ДПМНЕ ни преку неговите медиуми нема да успее да го поткопа здравствениот систем, државата институциите заедно со граѓаните ќе го победат и корона вирусот и вирусот на деструкција на ВМРО-ДПМНЕ.