Соопштение за јавност
Зад наводните скандали што ги конструира губитникот Христијан Мицкоски, единствено се крие неговата намера да работи против институциите, против државата.
Откако не успеа неговиот обид за саботажа на полициската акција „Двојник“ Мицкоски денеска во јавноста пласира информации поврзани со друг процес кој е во тек во Министерството за внатрешни работи.
Како што јавно објави и МВР веќе подолг период трае постапката за поништување на двојните матични броеви, кои се јавиле како последица на грешки и технички пропусти при определувањето и запишувањето на матичните броеви, при што голем дел од спорните матични броеви се веќе поништени.
Токму за ова јавно зборуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред неполни 24 часа.
Денешното пласирање на информации за овој процес од страна на Мицкоски, не е ништо друго освен уште еден обид да се саботира работата на МВР, да се наштети на државата.
Јавноста многу добро памети како ВМРО-ДПМНЕ издаваше лични карти и пасоши, како на лица од други градови и скопски општини преку ноќ им беа издавани лични карти со адреси во општина Центар во обид да ја фалсификуваат волјата на граѓаните на локалните избори во 2013 година.
Најверојатно Мицкоски мисли на тие обиди за изборни малверзации.
Соочен со фрустрациите од поразите, Мицкоски никако да се откаже од намерите да им наштети на институциите и државата.
Колку и да не сфаќа, токму заради ваквото однесување Мицкоски е шест пати поразуван на избори, а ваквите обиди преку измислици и конструкции за барање алиби, нема да го спасат од пораз на локалните избори на есен.