Соопштение за јавност
За СДСМ слободата на говор, независноста и слободата на медиумите се врвни демократски вредности и е целосно посветен на обезбедување, почитување и заштитата на слободата на медиумите и нивната независност.
Разликата во оваа сфера, во однос на 11 годишниот режим на ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од очигледна. Во тоа време не смееше да се зборува, медиумите и институциите беа заробени.
Власта грубо се пресметуваше со неистомислениците, новинари се апсеа, притвораа, уценуваа и отпуштаа, се вршеа упади и затворања на медиуми.
Пропагандата го имаше главниот збор, слободата на медиумите беше систематски задушувана, а уредувачката политика на медиумите беше креирана во белата палата.
Напредокот во слободата на медиумите го потврдува и последниот извештај на организацијата Репортери без граници, според кој Северна Македонија напреднала за позиции во однос на минатата година и е највисоко рангирана од 2013 година досега, кога беше на 123-то место.
СДСМ ниту еднаш не е посочена за притисоци , што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ кога луѓето на нивниот министер за вантрешни работи во преодната влада Наќе Чулев, јавно на настани се закануваа кон новинари.
Се уште постојат предизвици, но се слуша гласот на граѓаните, на новинарите и се преземаат институционални мерки за нивно надминување.
Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува заложбата на СДСМ за слободни, професионални и независни медиуми.
Слободата на медиумите за СДСМ е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа.