fbpx

Николовски за „Клик плус“: СДСМ е предводник во сите промени, ја води државата напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ постојано се менува и победува и тоа е рецептот на сето она што успешно го работиме, ориентирајќи се да бидеме сите заедно сервис на граѓаните, истакна генералниот скеретар на СДСМ Љупчо Николовски, во емисијата „Клик плус“ на тв 21.

Тој нагласи дека СДСМ е предводник во сите промени и тоа сите го гледаат, тоа го потврдува и извештајот на Фридом хаус, според кој, конечно левичарската влада на Зоран Заев се избори против затвореноста, окупираноста на иснтитуциите и со својот однос кон граѓанското општество, кон медиумите, кон цивилниот сектор, кон сите сегменти ја води државата напред односно имаме раст во делот на слободата, демократијата за која се боревме.

Затоа не е чудно да имаме различни мислења, било кој од нас за различни сегменти или прашања, тоа е нов квалитет на општественото живеење, на она што го работиме, нагласи Николовски.

Тој ги повика и останатите политички партии, пред се опозиционите заради дооброто на татковината и на државата да се реформираат, модеризираат за да можеме да направиме чекори и при влезот и внесувањето на државата во ЕУ, ако не можевме НАТО заедно да го извојуваме тоагш овие клучни процеси за влез во ЕУ заедно да ги направиме и заедно да ја носиме одговорноста.

Во врска со претстојните локални избори, Николовски потенцираше дека СДСМ е фаворит на овие локални избори, бидејќи според мерит систем, преку кој ја следиме работата на градоначалниците, ја мотивираме, бараме одговорност, го мериме учинокот на градоначалниците, да бидат сервис на граѓаните, се зголемува имплеметнацијата и реализацијата на програмите и ветувањата.

После конгресот на 16 мај ќе биде отворена постапката и тука ќе се исфилтрираат најдобрите кандидати. Ќе имаме анкети за секоја општина, но дигиталниот систем што моментално го имаме во партијата овозможува да го анкетираме членството и тоа ќе го примениме и за изборот на градоначалниците да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив и верувам дека ќе ни успее интенцијата за отворени листи за овие совети, навистина да ги обдереме најквалитетни луѓе, порача Николовски.

Во врска со подготвките за претстојниот 26-ти Конгрес на СДСМ, закажан за 16 мај, Николовски рече дека согласно правилникот постапката и роковникот општинските организации до вечерва ги завршуваат општинските изборни конференции, каде што ги предлагаат кандидатите за членови на ЦО.

Ние вчера имавме координација започнавме генерално со креирање на сликата, односно со разговори, дискусии, дебата, што значат новите политики за СДСМ, рече Николовски додавајќи дека на 16 мај претседателот пред конгресот ќе излезе со листа од 120 кандидати за членови на ЦО кои се репрезент на оваа нова политика којашто СДСМ ја води.

Околу некандидирањето на Радмила Шекеринска за заменик претседателка на партијата, Николовски рече дека таа во два мандати ја извршуваше оваа позиција со стриктно регулирани надлежности во делот на меѓународните политики и грижа за угледот, интегритетот и развојт на политиките на СДСМ и значајно придонесе во целокупниот тој период, во едно значајно време и лична е одлуката да не се кандидира или да соопшти дека нема да биде кандидат за заменик претстедател на партијата.

Ова е период во кој имаме само избор на претстедател на партијата, сите други органи на некој начин се во оставка, согласно новите измени, појасни Николовски.

За изборот на генерален секретар на СДСМ, Николовски рече дека генералниот секретар го бира централниот одбор од редот на новиот централен одбор, од кој се бираат нов извршен одбор, генерален секретар и потрпетседатели, од редот на ИО се бира организациски и меѓунаорден секретар.

Мојата мисија и визија во СДСМ во овие две години е целосно исполнета од стабилизирање на состојбата во СДСМ, подготвка за парламентарните изборите во 2020, на кои после 18 години обезбедивме кристално чиста победа, тоа е случи и продолживме со макотрпна работа во следниот период ја реорганизаравме СДСМ, направивме нова визуелизација со сменивме статутот, секој член доби електронска картичка со пристап на дигитлани сервиси, со двострана комуникација на централата со 81.000 членови, најголемото социјалдеморатско семејство, а новото раководство ќе продолжи во тој правец истакна Николовски.

Последни вести