fbpx

Обезбедуваме поддршка на домашната економија преку нова линија бескаматни кредити од 10 милиони евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштеие за јавност

Владата предводена од СДСМ продолжува со поддршка на домашната економија во пост ковид периодот и преку петтиот пакет економски мерки.

Во таа насока, воведуваме нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра, пари од Буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка.

Износот на поединечните кредити ќе се движи од 3.000 до 30.000 евра, а корисници можат да бидат фирми од сферата на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии.

Оваа мерка е дизајнирана да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја поттикне инвестициската активност на компаниите.

Условите за оваа линија се креирани да ја наградуваат успешноста во работењето на фирмите, инвестициите и проширувањето на капацитетите. „Ковид 4“ линијата предвидува грантови за успешност во случај доколку фирмите ги зголемат вкупните приходи во 2021 година за најмалку 10% споредено со 2020 година. Тогаш ќе имаат право да побараат грант од 30% од кредитот, или во случај доколку го зголемат бројот на вработени во 2021 година за најмалку 5% – тогаш ќе можат да побараат грант од 20%.

Кредитокорисникот може да оствари право на грант од 50% доколку се исполнат првиот и вториот услов.

Вкупната сума на грантот може да биде од 600 евра како минимален износ до 15.000 евра како максимален износ. Фирмите можат да поднесат барање за грант-средства до банката откако ќе отплатат 40% од кредитот.

Бескаматната линија Ковид 4 е наменета за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од областите туризам, угостителство, ивент индустрија и транспорт, приватните здравствени установи, трговците поединци и занаетчиите, кои ќе докажат пад на приходите од најмалку 30% и имаат капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.

СДСМ како одговорна партија продолжува со спроведување и реализација на мерки што значат економски раст и развој и подобар живот стандард за сите.

Последни вести