Соопштение за јавност
Економските пакети за полесно справување со последиците предизвикани од пандемијата со коронавирусот коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од кризата, како и услови за брзо опоравување на економијата.
Позитивни сигнали покажуваат дека зтопанството заздравува, а потврда за тоа се високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и растот на просечната плата.
Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите.
Реализацијата на четирите пакети економски мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат.
Во 2020 година поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.
Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите.
Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020.
СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки за помош на погодените од кризата, и ефикасни политики што создаваат услови за рестарт и градење на стабилна и развојна македонска економија.