Реакција на прес-конференцијана Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ
Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги посетеле домовите на граѓаните е добра прилика тие да им се извинат и да им објаснат зошто кочат важни закони во Собранието.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните кои ги гласале и кои преку Буџетот ги плаќаат треба да објаснат зошто работат против интересите на државата.
Нека ги искористат посетите и средбите и нека објаснат:
Зошто со месеци ги кочеа законите за реализација на економските мерки и помошта за граѓаните?
Зошто го кочат Законот за изградба на нов клинички центар?
Зошто застанаа зад осудените насилници од 27 април?
Зошто го бранат криминалот на Сашо Мијалков и Орце Камчев?
Зошто секојдневно шират лажни вести?
Нека им го објаснат ова на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа нека ја бараат нивната доверба.
Се додека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се на браникот на криминалот, се додека работат против граѓаните и државата, се додека нанесуваат штета на државните интереси, се дотогаш ќе бидат поразувани од страна на граѓаните и се дотогаш ќе бидат опозиција.