fbpx

Полицијата, институциите се силно посветени во борбата против криминалот и корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Полицијата во изминатите неколку години со своето професионално, ефикасно и неселективно постапување во борбата против криминалот и корупцијата стана вистински заштитник на граѓаните, чувар на мирот и безбедноста.

Таквиот однос на полицијата во изминатиот период е резултат на политиките на СДСМ и секако, одговорното, посветено управување од страна на Министерството за внатрешни работи и министерот Оливер Спасовски.

Во континуитет се инвестира во човечкиот капитал во полицијата, преку растот на платите, но и исплата на бонуси за остварени прекувремени часови работа.

Во изминатите години постојано се вложува и во полициската инфраструктура. Реконструирани се 55 објекти на МВР низ целата држава. Изградени се и два капитални проекти – ИКТ центарот во Прилеп, зграда за крим техника, а наскоро ќе се изгради и нов Центар за странци.

Се набавуваат нови возила, опрема и униформи за припадниците на полицијата со цел долгорочно унапредување на условите на работата на вработените во МВР и мотивирање на полицијата за ефикасно и неселективно постапување по секое прекршување на законите.

За успехот што го постигнува полицијата изминатите неколку години говорат и официјалните податоци. За разлика од лани, годинава бројот на заплени на дрога и наркотици сериозно е зголемен. Во првите три месеци од 2020 била запленета дрога од 14,8 килограми, додека од први јануари до 15 април годинава, заплената на дрога изнесува над 800 килограми.

Редовните сообраќајни контроли и неселективниот пристап во санкционирањето значително го намалија бројот на сообраќајни незгоди со повредени лица, незгоди со материјална штета и сообраќајни незгоди со загинати лица.

Денес, македонската полиција во соработка со безбедносните служби на стратешките партнери спроведува сложени полициски акции за спречување на организиран криминал и корупција.

Владата предводена од СДСМ, Министерството за внатрешни работи, но и сите други институции продолжуваат со посветена работа и силна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, на секое ниво.

Последни вести