Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ , Зоран Заев во гостувањето на дневникот на Јавниот сервис, објасни дека смената на генерациите е многу здрава и дека досегашните кадри на партијата и натаму имаат уште многу да дадат и како дел од партијата и од државните функции кои ги имаат.
“Се работи за нормална, логична смена на генерации, дел од таа смена на генерации е и мојата позиција јас сум најавил до два мандати премиер согласно тоа и претседател на СДСМ. Секако добив чест на непосредни избори во март за втор мандат од премиерскиот дел а третиот мандат претседател на партија. Сработија многу овие луѓе кои веќе не се на позиции, имаат сериозни државни позиции и имаат многу што да сработат. Обновувањето на енергија, нови идеи дава можност да секој напредува во партиско политичка кариера, да наметне свои погледи, визии, експертизи, а секако и да го шириме кругот на активни луѓе”, изјави претседателот Заев.
Претседателот на СДСМ детално објасни дека во новите високи партиски органи доминираат младите и тоа ја дава потгребната нова енергија, но досегашните кадри уште многу ќе придонесуваат за успесите и на партијата и на државата.
“Досегашните високи функционери се мои добри другари и тие продолжуваат заедно да работат, Радмила Шекеринска во Министерството за одбрана и тоа како има уште многу што да работиме со Армијата, членството во НАТО е сериозен успех којшто го постигнавме под нејзино раководство на одбраната. Но, нашата Армија во издигнувањето на нејзиното достоинство, дигнитет, операбилност, подготвеност е нешто на кое што уште многу што да работиме. Коста Петров е директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Мухамед Зеќири генерален секретар на Влада и таму има многу задачи и работа, заклучи претседателот Заев.