fbpx

Николовски за Сител: Отвораме нови политики насочени кон економија, развој и засилена борба против корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија „Сител“ истакна дека отсликувањето на вредностите на СДСМ е пресликано во вчерашните одлуки на 26. Конгрес на партијата.

„Имаме нова заменик претседателка на партијата, која што води економска институција, која што е правник, која што поминала низ сите структури на партијата. Го имаме вицепремиерот Фатмир Битиќи, за нов потпретседател на партијата, доктор Венко Филипче којшто прв пат влегува во органите на партијата. Неколку лекари, што оставија силен белег во овие две години менаџирајќи ја кризата, рече Николовски.

Тој нагласи дека тоа потврдува дека СДСМ е насочена на целосно справување со здравствената и економска криза.

„Спасивме 100.000 работни места, испорачавме многу пакети мерки, кои опозицијата ги блокираше бевме силно одговорно поставени и тоа граѓаните го потврдија на 15 јули. Меѓутоа се отвораат нови поглавја и нови политики. Зелените политики, искористувањето на природните ресурси, како да ги вратиме младите, паметните луѓе во татковината. Како да ги искористиме во рестартот на македонската економија. Борбата против корупцијата и криминалот е силно поставена во овој поглед, истакна Николовски, најавувајќи голем пакет економски инвестициски проекти кои следуваат.

Вчера испорачавме и кадровска и програмска нова политика, единството е основа и база на партијата, но ние поткрепуваме дебата и дискусија, што го прави СДСМ модерен, европски и разнолик, како што е денеска, додаде генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во интервју за телевизија „Сител“

Последни вести