fbpx

Прва седница на новизбраниот Извршен одбор: СДСМ е со граѓаните, следат нови политики, почнуваат подготовки за почеток на постапката за избор на кандидати за локалните избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Синоќа се одржа првата седница на новоизбраниот состав на Извршниот одбор на СДСМ каде се разговараше за повеќе актуелни теми и прашања во интерес на граѓаните, како и за внатрепартиското делување на партијата.

Извршниот одбор ја усвои Стратегијата и Планот за активности на СДСМ во наредниот период, меѓу граѓаните, на терен, предложен од генералниот и секретар на партијата, Љупчо Николовски и организациониот секретар Мартин Попов.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го презентише економскиот план и пакетот за инвестиции на кој се работи повеќе месеци а направи пресек и на позитивните економски резултати од досега спроведените политики и мерки.

„Напредок и придобивки за сите граѓани, тоа може да го очекуваат граѓаните од Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство. СДСМ постои за граѓаните, ние им служиме на граѓаните. Со сериозен резултат зад нас, и успех во реализираните мерки и политики на централно и локално ниво, СДСМ е фаворит на локалните избори наесен.“ рече претседателот Заев.

Извршниот одбор го задолжи генералниот секретар на СДСМ за организирање седница на Централниот одбор на партијата со подготовки за премин во штабско работање и почеток на постапка за избор на кандидати на партијата за локалните избори. Во рамки на оваа постапка, ќе се спроведе анализа врз основа на мерит системот, реализација на програмите како и неколку истражувања на јавното мислење – анкети.

Членовите на Извршниот одбор на оваа прва седница го избраа Бранирод Михајловски од Битола за претседател на Форумот на пензионери на СДСМ. Форумот на пензионери на СДСМ е ново тело на партијата. СДСМ ги мотивира највозрасните членови да ги искористистат нивните капацитети и искуство, да дадат придонес во градење на мерки и политики за унапредување на животот на пензионерите и на сите граѓани.

Извршниот одбор донесе одлука за отпочнување постапка за избор на претседатели и членови на секретаријатите на Комисиите на СДСМ.

Комисиите на СДСМ се дел од централниот систем на стручни-партиски работни тела во коишто се вклучени експерти во различни области, со авторитет и одговорност, кои активно учествуваат во креирањето на нови политики на партијата.

Новата политика на СДСМ значи повисок економски стандард, уште поголема грижа за граѓаните, за работниците, земјоделците, за сите.

 

Последни вести