fbpx

Мрачниот брифер Христијан Мицкоски се сведе на рекла-кажала а отвори уста лаже – суши

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мрачниот брифер Христијан Мицкоски веќе ни сам не си верува на лагите и дезинформациите.

Лаги од типот „барал средба за да не се сретне“ или „му се сонило дека заработил 250 илјади евра“.

Мицкоски се свде на тоа да штом отвори уста лаже-сушти.

Не му е прав пат на опседнатиот Мицкоски да изнесува лаги, невистини, конструкции за семејството на претседателот Заев. Но, тоа зборува за состојбата во којашто Мицкоски се наоѓа.

Впрочем, студија објавена од Европскиот парламент Христијан Мицкоски е наведен како извор на дезинформации.

Може Мицкоски уште 100 пати да се обидува со измислени афери да ги лепи своите манири и манирите на Груевски на актуелната власт, ама лагата не му фаќа корен.

Истуркан на маргините од страна на граѓаните, Мицкоски кукавички се крие од јавноста, наместо јавно на прес конференција, свикува тајни, мрачни брифинзи. Нема лице ни пред камери да излезе, веќе за народот да не му ја види пропаднатата лага.

Но, народот ќе му ја чуе пропаднатата лага.

„Бомбастичните“ наслови врз основа на лагите на Мицкоски се креирани само за фама, а внатре празно, слама. Класична вмровска фејк-слама за манипулација.

Аман доста го навредувате народот. Народот не е добиток – на народот му се гади од вашата празна слама.