Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ продолжува со креирање и имплементација на корисни мерки и политики чија цел е намалување на невработеноста и санирање на неповолните ефекти од коронакризата врз економијата.
Повторно се објавени јавни повици за најатрактивните програми и мерки од Оперативниот план за вработување за 2021 година.
Граѓаните и работодавачите имаат нова, дополнителна можност да аплицираат за програмата Самовработување, мерката Субвенционирање на плата, мерката Практиканство, мерката Обука на работно место кај познат работодавач, како и мерката Јавни работи.
Мерките од Оперативниот план ќе обезбедат поддршка за отворање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, особено младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош.
Со овие мерки ќе им се даде поддршка на невработените лица на кои работниот однос им е прекинат во периодот на кризата предизвикана од КОВИД-19.
Објавен е и јавен оглас за Обуките за развој на дигитални вештини со кои ќе се опфатат 400 невработени лица кои преку надградба на нивните вештини ќе ја зголемат конкурентноста и полесно ќе пристапат на пазарот на трудот.
Јавните огласи се отворени до 28 мај и затоа испраќаме апел до граѓаните, невработените лица и работодавачите да конкурираат во 30те Центри за вработување низ државата.
Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат намалување на невработеноста, поддршка за домашната економија и поквалитетен животен стандард за сите граѓани.