fbpx

Костадиновска Стојчевска за Алсат: Европските вредности ги носиме дома, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструкција и блокади

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Извештаите коишто во последно време ги добиваме за напредокот на нашата држава се навистина многу поразлични од оние од пред неколку години, бидејќи оваа година особено последниот Извештај апсолутно немаше ништо негативно кое што би можело да претставува некој проблем за напредокот на нашата држава кон влез во ЕУ, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во дебатната емисија „Патот кон“ на Алсат телевизија.

Таа рече дека деновиве се слушаат попозитивни тонови во реториката.

Ние сме навистина големи оптимисти, како што покажавме со Договорот од Преспа со Република Грција и со Договорот за добрососедство со Република Бугарија дека навистина проактивно приоѓаме на решавање на проблемите, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Пратеничката Костадиновска Стојчевска повтори дека ние ги поставивме нашите црвени линии, тоа се нашиот јазик и нашиот идентитет и затоа нема преговори.

Европските вредности ги донесовме дома, почнавме да ги имплементираме со програмата Европа дома, нагласи Костадиновска Стојчевска,

Таа нагласи дека оние реформи којшто ЕУ ги бара од нас како држава ние да ги имплементираме, и оние услови коишто треба да ги задоволиме, веќе интензивно работиме на тоа поле

Со реформите што ги спроведуваме, можам да кажам дека ние сме навистина подготвени да одговориме на предизвикот наречен Европска унија, порача пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да закочи се што е во интерес на граѓаните и државата.

„Тоа се покажа и со нивното однесување кога се носеше Буџетот за 2021 година и кога со месеци ги блокираа законите за анткризните мерки, тоа се покажува и денес со блокадите на Законот за наставници и стручни сорабтници, со противењето на реформите и дигитализацијата на образованието“ посочи Костадиновска-Стојчевска.

Последни вести