fbpx

Откако им издишаа сите лаги, бранителите на криминал, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега свесно ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Неколку дена од белиот дворец се шират лажни вести, се конструираат непостоечки скандали со кои ВМРО-ДПМНЕ ја замајува јавноста.

Со денови Мицкоски и неговите пајташи шират лаги од типот „барал средба за да не се сретне“ еднаш посочуваат една личност па потоа Мицкоски вели дека никаде на ја посочиле личноста, обвинуваат за наводни фалсификати на пријави на кои е потпишан началник близок до ВМРО-ДПМНЕ и Наќе Чулев.

Со таков однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не дејствуваат сериозно, туку и свесно ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните.

Затоа се шест пати се казнувани од граѓаните на избори, затоа повторно ќе бидат казнети и уште долго ќе останат во опозиција.

Затоа што освен за одбрана на криминал и лажни вести, за ништо друго не ги бива.

Последни вести