fbpx

Од бројните обиди за блокади, Мицкоски изгубил контакт со реалноста, затоа го очекува нов пораз од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И вечерва Христијан Мицкоски не пропушти прилика да покаже дека е против се што во интерес на граѓаните и државата.

Тој потврди дека е против изградба на нов модерен Клинички центар, при тоа мешајќи „баби и жаби“ со Клиничкиот центар во соседството.

Докажаниот губитник Мицкоски потврди дека е против реформи и дигитализација на наставниот процес иако призна дека и ВМРО-ДПМНЕ имала ветувано дигитализација во образованието.

Мицкоски е против Интервентниот план за инвестиции кој ќе обезбеди забрзан економски раст, развој на енергетиката и инфраструктурата и повисок економски стандард за граѓаните.

Од бројните обиди за блокади тој изгубил контакт со реалноста, од толку обиди за одбрана на криминалот, Мицкоски гледа наоден криминал во секој проект што е во интерес на граѓаните и државата.

Со таквото однесување, една работа е сигурна – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ги чека нов пораз од граѓаните, овој пат на локалните избори.

Последни вести