fbpx

Заради лични интереси, ВМРО-ДПМНЕ кочи проекти што се во интерес на граѓаните и државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

Прашање 1: Околу изборот на уставните судии дали Комисијата направила некаква консултација?

Одговор 1: Како претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата должен сум еве и пред вас и целокупната јавност да кажам дека уште вчера е закажана седница на Комисијата за понеделник 7 јуни во 12.00 часот.
Ставот е јасен дека во однос на предлози за уставни судии не се распишува претходен оглас во рамки на Собранието туку буквално пратениците имаат можност да предлагаат, секако ќе биде отворена дебата во самата Комисија.
На седницата на Комисијата за избори и именување има повеќе точки заедно со уставните судии се 21. Сите, секоја со своја специфика важна за граѓаните, за институциите , за државата.
Очекувам дека низ една плодна, коректна дебата Комисијата ќе си ја заврши својата обврска по однос на сите точки, секако по однос и на уставните судии и ќе даде предлог до пленумот на конечно одлучување на нова Седница којашто би требало да биде закажана за 8 јни.

Прашање 2: Дали ќе се деблокира работота на Парламентот и по однос на изградбата на новиот Клинички центар и за другите прашања?

Одговор 2: Правни деловнички механизми секогаш постоеле и постојат.
Принципот на работа на СДСМ и парламентарното мнозинство, овде мислам и на коалицијата секогаш бил да по пат на разговори дојдеме до решение во коешто ќе бидеме учесници сите заедно.
Клиничкиот центар нити 6те пакети на мерки економска помош за граѓаните не се на СДСМ. Тоа го правиме за граѓаните исклучиво зради нивните потреби и интереси.
Одговорно тврдам дека истото важи и за Клиничкиот центар.
Гледате дека понудата кон опозицијата ни е многу коректна, да учествиваат пратениците во целиот процес на проектирање, изградба на Клиничкиот центар, да имаат свој надзор. Сметам дека тоа е коректно и треба да биде прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ.
Пуста е желбата на Христијан Мицкоски да буквално ги искористи сите капацитети овде во Собранието секако да го злоупотреби и Деловникот за работа и можностите којшто ги имаат тие како опозициски пратеници со една единствена цел политички да профитира од проектирана неизградба на Клиничкиот центар а со цел да тоа се препише како неспособност на владејачкото мнозинство.

Ги уверувам граѓаните како што кажав и во прес-конференцијата дека таа пуста желба нема да им се реализира на ВМРО-ДПМНЕ.
Со нив или без нив Клинички центар после 80 години нов и модерен граѓаните ќе добијат. Сметам дека добро е и за нив и во таа состојба конечно и се обидат да излезат од таа катастрофа што ја имаат во партијата и ги поддржат добрите и позитивните пракси и политики на СДСМ и владјеачкото мнозинство.

 

Последни вести