fbpx

Одлика на ВМРО-ДПМНЕ се договорени и наместени тендери, набавката на гуми во МВР е транспарентна и зконска

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на прес-конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири дека денес јавните набавка во институциите се транспарентни и законски, па шири невистини и прави конструкции за тендер за набавка на пневматици во МВР.

Набавката на гуми за потребите на МВР се врши со рамковна спогодба, преку која се набавуваат пневматици за кои има потреба и кога има потреба.

Во МВР последните години се води детална евиденција пред правење нарачка за нови пневматици, односно колку километри поминало возилото и временски кога се промениле гумите последен пат, за разлика од минатото кога се нарачувале гуми без никаква евиденција за потребите и се делеле по блискост на раководни лица со барателите.

Како што јавно соопшти и МВР, тендерот предвидува гумите да се менуваат децентрализирано, за да се избегнат дополнителни трошоци, да бидат произведени пред не повеќе од 12 месеци, да имаат гаранција од 24 месеци и бесплатна промена сезонски за целиот период на гаранција.

И покрај сите овие барања кои влијаат на цената, сепак избраниот понудувач има поднесено пониска понуда за два од вкупно три дела, каде што поднел понуда и претходниот понудувач.

За разлика од времето на режимот кога лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ непречено тераа криминални зделки, за разлика од времето кога МВР беше претворено во испостава на ВМРО-ДПМНЕ, денес институциите работат професионално и законски.

Фаворизирање на фирми, договорени и наместени тендери е одлика на ВМРО ДПМНЕ. Затоа почитувањето на законите и грижата за народните пари е нешто што е сосема несфатливо за опозицијата.

Затоа се поразени од граѓаните, затоа уште долго ќе бидат во опозиција.

Последни вести