Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ за време на своето 11 годишното расипничко владеење го опустоши енергетскиот сектор а сега се обидува да ја манипулира јавноста.
Во времето на ВМРО-ДПМНЕ цената на електричната енергија скокна за 100% и беше укината евтината тарифа на струјата.
Христијан Мицкоски како советник за енергетика на Никола Груевски и како најнеспособниот директор на ЕСМ водеше најлоша енергетска политика и наместо на граѓаните мислеше само на своите бизниси со хидроцентралите.
Граѓаните денес користат дневна евтина тарифа на струјата, истата онаа што Мицкоски ја укина и на чие повторно воведување, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која работи на штета на граѓаните и државата, Владата предводена од СДСМ државата инвестира во енергетиката и обновливите извори на енергија и води одговорни енергетски политики кои се признаени од Европската енергетска заедница и кои во раелноста даваат видливи резултати во развојот и унапредувањето на енергетскиот сектор.
Во таа насока е и Интервентниот план на инвестиции во кој за периодот 2021-2027 година се предвидени инвестиции од над три милијарди евра.
Граѓаните знаат кој се грижи за нивните интереси, а кој работи против нив. Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати по ред се поразени на избори и уште долго ќе останат во опозиција.