Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски продолжува да пласира невистини и лаги со кои нанесува штета на националните интереси и ги поткопува државните позиции.
Секогаш кога Република Северна Македонија е во период кој е од важност за нашата европска интеграција, опозицијата пласира груби лаги, конструкции, шпекулации, си поигрува со чувствата на граѓаните, правејќи штета на процесите.
Нивните изјави се неточни. Вистина е дека за македонскиот јазик и идентитет ниту се разговарало, ниту ќе се разговара.
Не е првпат вака да лажат од белиот дворец. Мицкоски минатата година јавно лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата нешто што се покажа како лага за која Мицкоски не се извини.
Нашиот став е јасен, разбран и поддржан од граѓаните, како и од пошироката меѓународна заедница.
ВМРО-ДПМНЕ се лаже ако мисли дека со рушење на државните позиции и минирање на дипломатските процеси ќе добие политички поени.
Нема потреба Белата палата да го повикува народот на внимателност, граѓаните се внимателни, одамна не веруваат на лагите на Мицкоски со кои се обидува да ги поткопа државните позиции
Граѓаните шест пати по ред на избори јасно порачаа дека се против ВМРО-ДПМНЕ, против нивните лаги и блокади. Затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и уште долго ќе биде во опозиција.