fbpx

Ѓавочанова за „Утрински брифинг“: За македонскиот идентитетот и македонскиот јазик никогаш не се преговарало, ниту ќе се преговара, Мицкоски се обидува да ги поткопа сите напори за успех на процесот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во изминатиот период сведочиме деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ која освен блокади, деструкции и опструирање на се што е во корист на граѓаните и државата не прави ништо друго. На граѓаните им станува јасно како бел ден дека Мицкоски работи за неуспех на државата и на директна штета на македонските интереси, истакна пратеничката од СДСМ Драгица Ѓавочанова за Утрински брифинг.

Од ова ВМРО-ДПМНЕ не може да се очекува ништо друго освен поткопување на сите напори за успех на процесот за добивање прва меѓувладина конференција, односно одглавување на блокадите на патот кон Европската Унија, посочи пратеничката Драгица Ѓавочанова.

Таа потенцираше дека нашиот став е јасен, за македонскиот идентитет и македонскиот јазик никогаш не се преговарало ниту ќе се преговара, но Мицкоски со лаги и измислици прави обиди да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент.

Срамно е што ниту Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка, не праќа ниту една порака за успех на процесот. Во моментите кога правиме силни напори да добиеме поддршка за почеток на преговорите, најмалку што и е потребно на државата се внатрешни минирања, истакна пратеничката Драгица Ѓавочанова.

Последни вести