fbpx

Најлошото за македонскиот народ заврши со падот на режимот, СДСМ го носи најдоброто за државата, најдоброто за секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Најлошото за македонскиот народ кулминираше и заврши на 27 април 2017 година со насилниот упад во Собранието.

Од тогаш, секој изминат ден е подобар од претходниот, бидејќи на патот по кој одиме заедно со граѓаните е патот напред.

Тоа е пат кој донесе членство во НАТО, кој ги врати слободата и демократијата, патот кој донесе повисока минимална и просечна плата и повеќе пари кај граѓаните, патот на локалниот и регионалниот развој на кои сведочиме во овие четири изминати години.

Ние, како одговорна државотворна партија, со сите сили туркаме напред кон подобра иднина, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со сите сили кочат и се обидуваат да ја вратат државата назад, во темното минато на режимот на Груевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тие и натаму се најлошата политичка опција, заедно со нивниот неформален коалиционен партнер Левица.

Граѓаните да бидат спокојни, со многу работа, со отворени и отчетни политики и со нови големи сојузништва го носиме најдоброто за државата, ќе го обезбедиме најдоброто во секоја наша општина!

Последни вести