fbpx

Заев на трибината Најдоброто: Инвестициите во капиталните проекти покажаа што значи најдоброто за Скопје, најдоброто за државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста животна средина, почист воздух, порача претседателот Зоран Заев на вечерашната трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржува во Скопје.

Тој истакна дека Владата предводена од СДСМ контнуирано им помага на единиците на локалната самоуправа како во финансирање на проекти, така и преку директна финансиска поддршка.

„Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи. Оваа година во имплементација е проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од околу 450 километри. Проектот предвидува инвестиции во рехабилитација на локални патишта и улици во 80 општини низ државата, вклучувајќи ги и општините во Градот Скопје.

Дополнително, со 70 милиони евра, средства од Светска Банка, секоја општина според утврдена методологија одобрена од Светска банка на располагање има до 2 милиони евра. 35 милиони евра се обезбедени за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип“ порача Заев.

Осврнувајќи се на проектите за Скопје, претседателот Заев посочи дека за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите се трошеа на барок и споменици, денеска се инвестира во капитални проекти важни за Скопје и неговите граѓани.

„Државата застана зад новиот концепт на јавен превоз во Скопје, капитален проект за кој сигурно повеќе ќе зборува градоначалникот Шилегов. Преку Интервентниот план на инвестиции финансираме изградбата на пречистителна станица за отпадни води тука во Скопје, вредна 136 милиони евра.

120 милиони денари или два милиони евра одвивме за реконструкција на Универзална сала, култниот објект за Скопје за скопјани. Од централниот буџет ја финансираме и изградбата на нов мост и клучка во Момин поток во вредност од 6 милиони евра.

Овие проекти чинат околу 150 милиони евра а значат подобрување на животот на скопјани, решавање на дел од нивните потреби. Замислете само колку вакви проекти ќе се реализираа ако не се фрлеа скоро една милијарда евра за споменици, за палми, галии и лажен барок колку што потроши режимот на само два квадратни километри во градот“ заклучи претседателот Заев.

Последни вести