Соопштение за јавност
Во своето обраќање на трибината „Најдоброто за нашата општина“ претседателот Зоран Заев посочи дека СДСМ во изминатите години покажала дека зборот важи, дека тоа граѓаните го препознаваат и затоа СДСМ е фаворит на претстојните локалните избори.
„Покажавме дека за нас зборот важи и ќе го покажуваме тоа и во иднина. И на централно и на локално ниво. Тоа е нашиот пристап, така ние знаеме и можеме. Секогаш со граѓаните и за граѓаните, отворено транспарентно. Затоа сме фаворити на овие избори, затоа што граѓаните, јавноста, сите знаат дека напредок и развој е возможен само со СДСМ“ порача Заев.
Претседателот Заев ги увери присутните дека се што е наведено во програмите ќе биде реализирано, а гарант за тоа е СДСМ која стои на зборот.
„Се што граѓаните ќе побараат ќе биде нотирано, анализирано и проектите кои се реални и остварливи ќе бидат дел од предизборната програма која понатаму ќе стане Програма за работа на општината. Заедно ќе ги креираме мерки и политиките што гарантираат развој и напредок и подобар квалитет на живот за сите.
Тоа ќе бидат мерки зад кои застанува СДСМ, како најсилна, најголема, најдинамична партија. Без разлика кој ќе биде кандидатот или кандидатката за градоначалничката функција во која било општина, јас, Зоран Заев, ние СДСМ, ве гледаме во очи и ви даваме збор дека мерките и програмите ќе бидат реализирани“ заклучи Заев.