fbpx

Лукаревска на трибината „Најдоброто“ во Скопје: СДСМ е прв и единствен во промените, ќе излеземе со одлична кадровска и програмска понуда

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Скопје е бренд, Скопје е нашето детство, сегашност и иднина, Скопје е нашата младост, спомени, Скопје знае да сплотува и зближува, Скопје го заслужува најдоброто, а СДСМ секогаш го нуди најдоброто за Скопје, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ вечерва во Скопје.

Лукаревска истакна дека СДСМ има одлична кадровска и програмска понуда.

Направивме многу промени, поставивме високи приоритети и потврдивме дека СДСМ секогаш е прв и единствен во промените, истакна Лукаревска, додавајќи дека СДСМ го наметна родовиот пристап во сите сфери на општественото живеење.

Драги пријателки, драги другарки, ова е наше време.
Ние го пренесуваме гласот на позитивните промени, ја имаме поддршката. Храброста пренесува храброст, и затоа ве охрабрувам да имаме што повеќе жени кандидатки за градоначалнички и советнички, истакна Лукаревска.

Таа нагласи и дека младите се силата и предизвик на СДСМ, потенцијалот на СДСМ, размислуваат модерно и делуваат храбро, го сакаат најдоброто за нивното маало општина, град.

Младите се столб да го обезбедиме заедно најдоброто за градот Скопје, нагласи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.