Реакција на изјава на Христијан Мицкоски
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се загубија во деструктивноста, тие се најголемите штетници на македонските национални интереси
Додека Северна Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како рамноправна и полноправна земја членка, додека преку сите канали се прават дипломатски напори за деблокада на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на националните интереси.
Исплашени од нов успех на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, кочат и блокираат се што е во интерес на иднината на државата и граѓаните.
Фрустрирани од напредокот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират невистини за наводно загрозување на идентитетот со што отворено работат против најважните национални и државни интереси.
Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, партија заглавена во режимската матрица, партија што знае само за блокади и деструкции.
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е најнеодговорната, најнедржавничка опозиција во светот и затоа уште долго ќе биде казнувана од граѓаните.