fbpx

Режимската матрица на дело, со навреди и обиди за физичко насилство пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја блокираат Комисијата за образование

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Режимската и насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ денеска ескалираа на седницата на собраниската Комисија за образование наука и спорт.

Со навреди, закани и обиди за физички напади, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја болкираат седницата на Комисијата, да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до толку се против тоа над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, што се подготвени и со насилство да го блокираат носењето на овие закони.

Партијата која деновиве краде концепти и слогани, најавува нови политики, денеска по којзнае кој пат го покажа своето вистинско, режимско и насилничко лице.

Се лажат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека со навреди, клевети, закани и насилство ќе успеат да ги спречат реформите во интерес на граѓаните. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ нема да дозволи наставниците, стручните соработници, ниту било кој друг граѓанин да биде заложник на нереформираното антидржавно ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски.

Последни вести