fbpx

Калеска Ванчева за Алсат: Ако постои политичка волја од сите можеме да одиме на отворени листи и за овие локални избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Ние како СДСМ остануваме на определбата за една изборна единица и за отворени листи, и сега за претстојните локални избори во октомври, истакна пратеничката и координаторка на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во дебатната емисија „Патот кон“ на телевизија Алсат, посветена на промените во изборниот законик.

Таа додаде дека за ова прашање уште не е постигнат консензус и се уште траат преговорите, за разлика од препораките на ОБСЕ/ОДИХР за кои има консензус и веќе се вградени, додека СДСМ не се согласува со предлогот да се избере градоначалник во еден круг, бидејќи дека така може да биде доведен во прашање неговиот легитимитет.

Промената на изборниот модел е крупно прашање и бара да му се посвети големо внимание и да има консензус од политичките чинители, истакна Калеска Ванчева, додавајќи дека прашањето е дали сакаме да останеме на ова што сега го имаме, а ни покажува дека граѓаните не се задоволни со затворени листи и се бара нов модел.

Но, не може граѓаните да веруваат во демократизација, ако партиите не поминат низ процес на демократизација, затоа СДСМ прва тргна во таков процес, преку едно општество за сите, родовата застапеност 50:50, непосреден избор на претседател, нов начин на кандидирање за локалните избори, нагласи Калеска Ванчева.

Таа посочи дека времето до локалните избори е кратко, но потсети дека ова ние го говориме од многу порано, преговорите не се почнати вчера, ниту од вчера зборуваме за отворени листи и бараме да се случи на следните локални избори.

Ако постои политичка волја мислам дека можеме да одиме на отворени листи и за овие локални избори и да ги собереме искуствата и да одиме со отворени листи и на следните парламентарни избори, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска-Ванчева во емисијата „Патот кон“ на Алсат.

Последни вести